Американскиот производител на надворешно осветлување за возилата Varroc Lighting Systems ја купи турската компанија Sa-Ba Automotive, која моментно ја гради својата нова фабрика во Бугарија, соопштија од компанијата, а пренесува BiznisInfo.
Со оваа аквизиција, Varroc Lighting доби дополнителни 10.000 квадратни метри производствен простор и технолошки центар веднаш до Истанбул, како и нова фабрика што се гради во близина на Димитровград.
Новата фабрика која се гради, ќе биде на 20.000 квадратни метри, и значајно ќе го прошири капацитетот на американскиот гигант кога станува збор за испорака на европските потрошувачи.
Вредноста на купопродажбата не е објавена.
Инаку, ова е шестата аквизиција на Varroc Lighting Systems во последните 16 месеци, проширувајќи го значително своето глобално портфолио. Сега оваа компанија е присутна во 17 земји и на пет континенти.