![wheat-g7e95c5964_1920](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2022/03/wheat-g7e95c5964_1920-696x522.jpg)
Првиот заменик-министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, изјави дека Грција и Европската унија како целина треба да се подготват за дефицитот на жито како резултат на конфликтот во Украина и санкциите против Русија.
Недостигот може да значи „прво, значително зголемување на цените и, второ, би можеле да имаме немири во поширокиот регион, особено во Северна Африка и Блискиот Исток“, рече тој на состанокот во Брисел, пренесе Танјуг.
Воената операција на Русија во Украина влијаеше на снабдувањето со жито од двете земји, кои се најголеми светски извозници.