Важен чекор во развојот на транспарентен регионален пазар за деловни и бонитетни информации

29

Конференција на регионални бонитетни агенции од подрачјето на поранешна Југославија, Adria Business Information Network, одржана е оваа година во Загреб под покровителство на компанијата EL KONCEPT d.o.o., сопственик на порталот Фининфо (www.fininfo.hr).

На досегашните партнери како нов член им се приклучи и македонската компанија Таргет Груп ДОО Скопје. Проширувањето на соработката ќе допринесе за дополнување на опсегот на регионални деловни и бонитетни информации, како и за зголемување на нивниот квалитет.

Mеморандум за соработка на почетокот на 2016 година беше потпишан помеѓу LRCBISd.o.o. (БИХ), Business Intelligence Consulting doo Podgorica (Црна Гора), Prva bonitetna agencijad.o.o. (Словенија), CUBE Team d.o.o. (Србија) и EL KONCEPT d.o.o. (Хрватска) и така беше создадено првото здружение на регионални бонитетни агенции од распадот на поранешна Југославија. Цел на членовите на Adria Business Information Network е на своите корисници да им овозможат транспарентен и едноставен пристап до релевантни информации за нивните сегашни и потенцијални деловни партнери на подрачјето на земјите од поранешна Југославија. На тој начин Adria Business Information Network допринесува за намалување на ризикот од работењето, ја зајакнува правната и финансиската сигурност и ги олеснува и забрзува соработката и прометот на стоки на овој, некогаш единствен, економски простор.

Во Загреб е одржана четвртата конференција на регионални бонитетни агенции на која по прв пат од нејзиното основање е зголемен бројот на учесници со пристапувањето на Таргет Груп од Македонија. Учесниците на конференцијата разговараа за понатамошно проширување на успешната повеќегодишна соработка и договорија нејзино унапредување кое наскоро ќе им го претстават на своите клиенти. Членките на Adria Business Information Network истакнуваат дека подлабоката поврзаност на локалните бонитетни агенции ќе им овозможи на компаниите брз пристап до информациите кои им се потребни во работењето. Воедно, брзиот и опсежен проток на регионалните информации ќе ја поттикне и извозната активност на локалните компании и така позитивно ќе влијае на растот на економијата.

Веб порталот БизнисМрежа.мк (www.biznismreza.mk) во сопственост на компанијата Таргет Груп ДОО Скопје на македонската јавност и е достапен од 2015 година.

БизнисМрежа.мк претставува дневно ажурирана интернет платформа која на корисниците им овозможува целосен пристап до релевантни деловни, финансиски и бонитетни податоци за правните субјекти од Македонија.

Како збир на прецизни онлајн деловни информации, платформата нуди високо квалитетни податоци за компаниите кои се потребни за донесување на правилни и поткрепени одлуки чија крајна цел е обезбедување на успешно и ефикасно работење.

На тој начин, таа им пружа поддршка на своите корисници во зголемувањето на нивните продажни резултати, пронаоѓање на соодветни бизнис соработници, а воедно придонесува и за намалување на ризиците кои ги носи самото работење и деловно опкружување.

Бојан Џиков и Огнен Огненоски, сопственици на компанијата Таргет Груп Скопје го појаснија значењето на регионалната соработка на бонитетните агенции:

“Свесни за огромната потреба на македонските компании од бизнис податоци за фирмите од поранешните ЈУ простори со големо задоволство сакаме да го потврдиме официјалното приклучување на нашата компанија во склоп на Adria Business Information Network. Со оглед на тоа дека сме компанија која секогаш работи на развој и подобрување на своите услуги, во текот на изминатите неколку години успеавме да се поставиме како лидер на македонскиот пазар во однос на квалитетни деловни и бонитетни податоци. Веќе некое време размислувавме за воведување на нов продукт со кој ќе го олесниме работењето на извозните фирми од нашата земја, поради тоа што сметаме дека е неопходно и многу корисно на македонските компании да им се овозможат релевантни и сигурни информации за странските правни субјекти. Имајќи го предвид значењето на извозната активност за економијата на една држава, веруваме дека оваа соработка ќе го олесни и унапреди воспоставувањето на деловни релации во регионот и дека ќе вроди со партнерства за чии што успешни резултати надалеку ќе се слуша и зборува“, велат од Таргет Груп.

Вработените и соработниците на Таргет Груп ДОО Скопје со своето искуство и знаење придонесоа до создавање на единствената веб платформа за деловни податоци во РМакедонија, а тоа е БизнисМрежа.мк (www.biznismreza.mk).

На нашата платформа обезбедуваме деловни, финансиски и бонитетни информации за повеќе од 70.000 активни правни субјекти кои секојдневно се користат во работењето на повеќе од 400 македонски фирми.

Учесници на регионалниот состанок на бонитетни агенции (Аdria Business information network) во Загреб

LRCBISd.o.o. (БИХ) –www.lrcbh.com

Business Intelligence Consulting doo Podgorica (Црна Гора) – www.biconsulting.me

ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје (Македонија) – www.targetgroup.mk

Prva bonitetna agencijad.o.o. (Словенија) – www.ebonitete.si

CUBE Team d.o.o. (Србија) – www.cubeteam.com

EL KONCEPT d.o.o. (Hrvatska)–www.fininfo.hr.