ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:Лажни објави за наводни заеми, обид за измама и незаконско прибирање на лични податоци и финансиски средства

17
На социјалните мрежи се забележани рекламни објави за наводни заеми без кредитна проверка и без доказ за приход, каде неовластено се користи името и логото на НЛБ Банка, а во истата се споменуваат и други банки, информира НЛБ Банка на својата Фејсбук страна.
„Доколку забележите ваква објава, ве молиме не ја отворајте и не ги споделувајте вашите податоците. Се работи за обид за измама, со цел незаконско прибирање на лични податоци и финансиски средства известува банката.
Лажната страница ќе биде пријавена до Facebook како и до надлежните институции во земјата, согласно позитивните законски прописи.