Важноста на мерките од загаденоста на воздухот продолжува до петок

22

6f9ef73e417e2f428b26c5c1a1201de0 Мерките за ослободување од работни обврски поради загадувањето на воздухот во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион кое деновиве е над дозволеното за бремените жени и лицата над 60 години, и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар, продолжуваат до петок.

Ова вечеравечер за МИА го соопшти портпаролот на Владата Александар Ѓоргиев. На сила до петок се и другите мерки што поради загадувањето на воздухот ги препорача Владата.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека зголемен обем на врнежи се очекува во четврток и петок, како и интензивно струење на воздухот, а во петок и сабота се очекува минималните температури во Македонија да бидат позитивни.
И понатаму останува одлуката, работниците кои своите обврски ги вршат на отворено, тоа да го прават од 11 до 17 часот.
На основните и средни училишта им се препорачува наставата да не ја извршуваат на отворено.
Црвениот крст, центрите за социјални работи и општините да имаат проактивен пристап за заштита на здравјето на ранливите категории, како и на старите лица.
Медицинските центри да се подготвени да примат поголем број на пациенти.
Продолжува и препораката за пренасочување на товарните возила кои сообраќаат низ Скопје, Тетово, Битола и Кичево од 7 до 19 часот. Во Скопје товарните возила да ја користат обиколницата.
Во другите градови исто така се препорачува возилата да не се движат низ центрите на градовите, освен оние возила што пренесуваат леб и млеко.
Од Министерството за животна средина апелираат граѓаните да го користат јавниот превоз, а општините се повикуваат интензивно да ги мијат и чистат возилата.
Според извршените мерења, најголемото загадување во овие региони е забележано во периодите од 7.30 до 11 часот и од 17 до 21 часот.