Вечера на 1.280 метри “во воздух“

25

Фото: Pixabay

Шведскиот готвач Магнус Нилсон три дена ќе служи вечера на 1.280 метри во воздух, пишува Tree hugger.

Нилсон, кој е шеф на кујната на ресторанот Faviken, заедно со компанијата за чиста енергија Fortum нудат уникатна можност за вечера за време на велигденските празници. На 1.280 метри во воздух ќе биде “сместен“ ресторанот Kabin 1274, што ќе понуди прилагодено мени во комбинација со “прекрасниот поглед од високо“.

Идејата за вечера “во воздух“ е да се стави акцент на сè она што е одржливо. Па така, картите за трите седишта ќе бидат бесплатни, но оние кои ќе ги добијат на подарок, треба да пристигнат со воз или електрично возило.

Целта на овој настан е да се подигне совеста кај луѓето, бидејќи луѓето најчесто до ресторанот пристигнуваат со автомобил или авион, што влијае на животната средина.