Ведел ИТ и Универзитот за информатички технологии Св. Апостол Павле потпишаат меморандум за соработка

32

Размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство, предвидува меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле од Охрид и компанијата Ведел ИТ.
Целта на меморандумот е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и Ведел ИТ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните и апликативните активности од областа на информатичките науки и технологии од страна на потписниците.
“Соработката помеѓу Универзитетот Св. Апостол Павле и Ведел ИТ, пред се, креира услови за споделување заедничките цели во областа на информатичките науки и технологии и отвора одлични можности за реализација на заеднички проекти кои поттикнуваат на унапредување на високо образовните политики и нивно приближување кон ИТ индустријата, како и можност за повтрзување со истата на глобално ниво”, изјави проф. д-р Иван Бимбиловски проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот Св. Апостол Павле.
Ведел ИТ е данска компанија специјализирана во создавање талентирани и високо професионални тимови во сферата на ИТ, предводена од менаџерски тим составен од експерти со меѓународно искуство. Засега со повеќе од 200 вработени во Куала Лумпур, Малезија, компанијата се одлучи за Скопје како прв избор за надградување на нејзината досегашната работа. Новата филијала на компанијата ќе го прошири пристапот на Ведел ИТ до поголем пазар со нудење можности за префрлување на деловните активности на нејзините европски клиенти во Македонија.