Ведомости: Нема ревизија на договорите за Јужен тек

11

south-stream-in-bulgariaЕвропската комисија нема да бара ревизија на билатералните договори меѓу Русија и земјите членки на ЕУ низ кои минува гасоводот Јужен тек, објави Ведомости, пренесува The Moscow Times.

Еврокомесарот за енергија Гинтер Етингер изјавил за Ведомости дека Москва и Брисел ќе најдат решение да се почитуваат претходно склучените спогодби на Газпром со земјите низ кои минува гасоводот.

На почетокот на декември минатата година, откако претходно беше неутрална во поглед на овој проект, ЕК соопшти дека меѓувладините договори за Јужен тек што ги потпишаа со Србија, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Словенија, како и со Србија и Македонија, не се во согласност со европското законодавство и побара од земјите членки повторно да преговараат со Русија, да ги усогласат договорите со европската практика. Земјите членки на ЕУ, низ кои треба да минува Јужен тек, ја овластија ЕК да преговара во нивно име со Русија.

Вредноста на проектот Јужен тек изнесува 16 милијарди евра, а од Црното море во Европа треба да испорачува 63 милијарди кубни метри природен гас годишно. Се очекува Јужен тек да биде целосно пуштен во функција во 2018 година.