Велика Британија: Coca-Cola ја намалува големината на амбалажата и ги зголемува цените

19

coca-cola-2160843_960_720

Фото: Pixabay

Coca – Cola во Велика Британија, ќе ја намали големината на шишињата од 1,75 литри на 1,5 литри и ќе ја зголеми цената од 20 пени на 1,99 фунти, пишува Telegraph. Промените се согласно воведување на данокот на шеќер за безалкохолни пијалаци што стапува на сила од март годинава.

Цената на шишето од половина литар, исто така, ќе се зголеми од 1,09 на 1,25 фунти.

Почнувајќи од април, производителите на безалкохолни пијалаци ќе мора да плаќаат 18 пени по литар за пијалаци што содржат повеќе од пет грама шеќер на 100 милилитри или 24 пени по литар ако пијалакот има повеќе од осум грама шеќер на 100 милилитри.

Владината такса има за цел да ја намали стапката на дебелина во земјата, со тоа што 520 милиони фунти коишто се планира да бидат собрани од давачките, ќе се вложат во финансирање на спортски активности во основните училишта.

Гигантот за пијалаци изјави дека нема да го промени својот оригинален рецепт, односно дека нема да ја намали количината на шеќер. Coca – Cola веќе ги има безалкохолните Coca – Cola Zero и Diet Coke, коишто не содржат шеќер.

Класичната Coca – Cola, за разлика од нив, има 10,6 грама шеќер на 100 миилитри и според данокот на шеќер компанијата ќе треба да плати 24 пени по литар.