Велика Британија го замрзна имотот на Роман Абрамович, ја запре продажбата на Челзи

101

Челзи во овој момент нема да може да биде продаден, откако со најновата одлука на Владата на Велика Британија воведе санкции за сè уште актуелниот сопственик на лондонскиот клуб, Роман Абрамович.

Имено, Абрамович е еден од седумте руски олигарси на кои Велика Британија денеска им воведе санкции и го замрзна целиот имот, со забрана за влез во таа земја.

Тоа практично значи дека во овој момент Челзи нема да може да добие нов сопственик.

Освен продажбата на клубот, Челзи не може да продава билети, клупски артикли или да прави трансфери на фудбалери поради санкциите кон Абрамович.
Британската влада со денешната одлука му забрани на Абрамовиќ поединечни, но и трансакции на фирми кои се во негова сопственост.

Во меѓувреме клубот доби специјална лиценца за продолжување на натпреварувањето и работата, иако Абрамович практично беше отстранет од Британија.
Да потсетиме, Абрамович минатата недела одлучи да го стави Челзи на продажба и вети дека ќе донира пари од продажбата за жртвите од војната во Украина.