Велика Британија ја продолжи забраната за присилно иселување од комерцијални недвижнини

24

Велика Британија ја продолжи забраната за присилно иселување на кираџии од комерцијални недвижнини за девет месеци за да ги заштити компаниите погодени од пандемијата, додека ограничувањата сè уште се на сила, јавува Bloomberg.

Забраната би требало да истече на 30-ти јуни, но властите ја продолжиле забраната до 25-ти март следната година.

Некои британски компании мора уште да ги почитуваат мерките воведени поради пандемијата, бидејќи британскиот премиер, Борси Џонсон го одложи целосното укинување на ограничувањата поради страв од ново ширење на заразата.

Ноќните клубови се затворени веќе 15 месеци, а правилата за социјално дистанцирање не им дозволуваат на рестораните да работат во полн капацитет во затворениот простор, што влијае на нивното работење.