Велика Британија ќе им ги зголеми трошоците на тутунските компании

5

Властите во Велика Британија размислуваат околу тоа на големите тутунски компании да им наметнат поголеми трошоци поради отпушоците коишто годишно достигнуваат и до 40 милиони фунти (55 милиони долари).

“Правиме анализи како на тутунските компании да им наметнеме поголема одговорност за големите количини отпад што ги генерираат нивните производи“, вели Ребека Пау, заменик министерка за животна средина.

Тамошното министерство размислува за измена на прописите со коишто на тутунската индустрија ќе ѝ се наметне обврска за подмирување на сите трошоци за одлагање на отпадот од отпушоците.

Истражување покажало дека отпадот од тутунските производи доминира во вкупниот отпад во Велика Британија, со 68% од вкупниот отпад.

Фото: Pexels