Велика Британија: Поставена вендинг машина за бездомници

16

key-card-final-v1Фото: Action Hunger

Во рамки на трговскиот центар Инту во Нотингем, Велика Британија, хуманитарната организација Action Hunger постави вендинг машина за потребите не бездомниците, Independent.

Освен храна како сендвичи, овошје, грицки, чоколадо, енергетски барови и вода, машината обезбедува и чорапи, антибактериски лосион, четка и паста за заби, пешкири и книги.

Вендинг машината ќе биде достапна за оние бездомници на кои ќе им биде дадена картичка за нејзино користење од локалните власти. Со неа тие ќе можат да земат што им треба три пати во текот на денот.

Иако ова нема да ги тргне бездомниците од улиците, Action Hunger верува дека ќе им го подобри барем малку животот на овие луѓе.

Машината е прва од ваков тип во светот, но организацијата планира да постави уште 100-тина во Манчестер, Лондон и други градови во Обединетото Кралство.