Велика Британија преговара со шест компании за изградба на фабрика за батерии

77

Велика Британија преговара со шест компании за изградба на фабрика за батерии за електрични возила, пренесува Financial times.

Ford Motors, Nissan Motor, LG, Samsung и новооснованите компании Britishvolt и InoBat Auto преговараат со британската влада и локалните власти околу локации за потенцијални фабрики и за финансиска поддршка.

Во почетна фаза од преговорите со владата, Ford ја истражува можноста за производство на батерии во Велика Британија коишто потоа би се носеле во Турција и да се вградат во електрична верзија на нивниот Transit Van.

Преговорите на Nissan со владата за изградба на фабрика за батерии во производниот комплекс во Сандерленд зависи од трошоците за енергија, додека LG и Samsung се во почетна фаза на преговарање.

Фото: Freepik