Велика Британија: Шолја чај за “само“ 200 долари

35

Фото: Facebook

Хотел во Велика Британија на своите гости им го нуди најскапиот чај во светот. Станува збор за хотелот The Rubens at the Palace, којшто нуди чајник полн со чај за 620 долари или една шолја би чинела околу 200 долари, пишува CNN.

Ексклузивниот чај доаѓа од плантажи од Шри Ланка, а гостите можат да уживаат во уникатното послужување и глетката кон Бекингемската палата.

Името на чајот е Golden Tops, којшто рачно се бере и се суши на кадифен материјал.