Велика Британија станува важен пазар за Tesla

22

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla имаше масовна испорака на возила во Велика Британија, што резултираше со рекордна продажба, достигнувајќи 11% пазарен удел.

Велика Британија стана прилично важен пазар за Tesla, па само во првото тримесечје од оваа година се испорачани 7.304 електрични автомобили, што е повеќе од било кој друг европски пазар.

Пазарниот удел на електрични возила во Велика Британија за првпат се изедначува со оној на возилата со дизел мотор. Иако Велика Британија е зад Норвешка кога станува збор за возење на електрични автомобили, сепак е на добар пат да биде меѓу европските лидери во тој сегмент.

Според податоците, во јуни оваа година, најголем пазарен удел од 55% имаат бензинците, хибридните учествуваат со 23%, додека дизелите и електричните автомобили делат по 11% од “колачот“, пренесува Electrek.

Фото: Pixabay