Три телевизиски реклами за електронски цигари се забранети во Велика Британија, само неколку недели откако беа променети правилата за рекламирање на овие производи, пишува BBC.
Рекламите се забранети бидејќи потсетувале на традиционалниот начин на пушење на цигарите направени од тутун. Според рекламните стандарди на Агенцијата за маркетинг стандарди на Велика Британија (АСА), овие реклами потсетуваат на конзумирањето на обичните цигари од тутун, што е во спротивност од глобалните заложби за борба против пушењето.
Од минатиот месец, британските производители на електронски цигари добија дозвола за рекламирање на нивните производи на телевизија, а тоа ќе трае се додека не се промовира тутунот или пак таргетирањето на непушачите и помладите лица.