Велшаните користат рециклирани пелени за асфалтирање патишта

78

Во Велс е асфалтирана улица за која е користана мешавина во која има и рециклирани пелени. Станува збор за патот A487 во Lianarth, кој е асфалтиран со користење на рециклирани пелени во мешавината за асфалт.

Проектот е реализиран со помош на локалната заедница, кои пелените ги одлагале во посебни контејнери. Потоа, овој отпад е рециклиран, а резултатот е значителна количина пластична маса погодна за повторна употреба.
Познато е дека растопената пластика е многу леплива, бидејќи нејизниот хемиски состав е сличен на битуменот, и се однесува на ист начин кога ќе се загрее.

Ова се навистина добри вести, бидејќи токму пластичниот отпад предизвикува катастрофа од светски размери. Индија веќе со децении гради патишта со помош на рециклирана пластика, а досега се асфалтирани илјадници километри улици токму со користење на рециклирана пластика. За стандардната смеса за асфалтирање, потребни се 10 тони битумен за секој километар, но благодарение на рециклираната пластика, оваа количина се намалува на девет.

Патишта направени од полимер се наоѓаат и во Канада, бидејќи полимерите спречуваат пукање во текот на зимата.

Велшаните користат 140 милиони пелени годишно и тие би можеле да се користат за подобрување на транспортната инфраструктура ширум светот.