Венеција и Љубљана ќе се поврзат со брза железничка линија

46

Италијанската државна компанија Trenitalia (во рамки на конгломератот Ferrovie dello stato – FS) размислува за воспоставување железничка линија меѓу Венеција и Љубљана, пренесува Пословни дневник.

Станува збор за брз воз што би ја спојувал железничката станица во Венеција и преку Трст би сообраќал до главниот словенечки град. Планот е линијата да се воспостави на почетокот на следната година или порано, во декември оваа година. Првото пробно возење било воспоставено денеска со возот Frecciarossa ETR 1000, што може да постигне брзина поголема од 300 километри на час.

Но, патниците кои во иднина би патувале на оваа линија ќе мора да се движат најмногу со 160 километри на час, бидејќи тоа ограничување важи за словенечката железничка инфраструктура.

Венеција и Љубљана и претходно биле железнички поврзани, во период од 2004-та до 2008-ма година, со возот Eurocity.

Фото: Pexels