Венеција: Казни до 500 евра за непристојни туристи

26

Фото: Pixabay

Туристите кои непристојно ќе се однесуваат додека престојуваат во Венеција ќе се соочат со казни од 25 до 500 евра, пишува Independent.ie.

Според новите правила на тамошните власти, туристите кои ќе пливаат низ каналите во Венеција или се шетаат само по костими за капење, ќе бидат казнувани.

Овој италијански град годишно го посетуваат околу 25 милиони туристи, од кои околу 14 милиони остануваат во Венеција само на еден ден.

Инаку, на почетокот на оваа година беше најавено дека Венеција ќе наплаќа по 10 евра за сите туристи кои накратко го посетуваат градот.