Венеција забрани отворање на нови ресторани за брза храна

22

venice

Фото: Pexels

Со цел да се зачува идентитетот на градот и неговата традиција, градските власти од Венеција донесоа одлука со којашто се забранува отворањето на нови ресторани за брза храна, пишува Guardian.

Законот, којшто е усвоен минатата недела, исто така ќе го ограничи и бројот на локали што продаваат пица на парче, а поштедени ќе бидат слаткарниците кои продаваат домашен традиционален сладолед.

“Сакаме да ги спречиме активностите коишто не се во согласност со зачувување и развој на културното наследство. Постои ризик градот да го изгуби својот идентитет“, вели директорката на Туристичката организација на Венеција, Паола Мар.

Венеција е последен во низата италијански градови што се одлучија на сличен чекор за да ја зачуваат домашната кујна. Претходно, градот Верона го ограничи бројот на ресторани коишто продаваат брза храна, а во Фиренца се преземени мерки за поттикнување на продажбата на локални производи.