Венецуела забележа економски раст од 17,04 отсто во првиот квартал

Економијата на Венецуела забележа годишен раст од 17,04 отсто во првиот квартал од 2022 година, изјави гувернерот на централната банка на земјата.

„Ова е највисок раст во јужноамериканскиот регион“, изјави гувернерот на венецуелската централна банка, Каликсто Ортега, објавувајќи ги податоците поврзани со економскиот раст на оваа земја, кои не се објавени од првиот квартал на 2019 година, пишува Ројтерс.

Ортега изјави дека централната банка направила проценка за економскиот раст во вториот квартал, но тој не ги сподели податоците. Наведе дека приватниот сектор во тој период имал раст од 18,7 отсто.

Гувернерот на централната банка додаде дека економијата на Венецуела пораснала за 19,07 отсто во четвртиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период во 2020 година.

Економијата на јужноамериканската земја е во длабока рецесија од 2014 година, цело време се бори со висока инфлација.