Версајската палата ќе стане луксузен хотел – ресторан

100

imageПосетители од целиот свет наскоро ќе имаат можност да преноќат и да вкусат некој добар специјалитет во Версајската палата во Франција, пишува Eater.

Познатиот француски готвач Ален Дукас, кој е добитник на многу Мишелин ѕвезди во својата кариера, е одбран да го води тимот што ќе го претвори овој некогашен дворец во хотел – ресторан. За прв пат во историјата, гости од целиот свет ќе можат да спијат во истата градба каде Луј 14 и Марија Антоанета го поминаа својот живот.

LOV Hotel Collection, француски луксузен ланец на хотели, ќе изгради хотел од 20 соби во состав на трите градби на кралското земјиште. Една од зградите ќе биде ресторан на Дукас, а сите се лоцирани на југоисточниот дел на имотот што некогаш беше министерство за финансии на кралот и воена зграда.

Градбите што зафаќаат површина од 2.787 метри квадратни стојат празни од 2008 година. Реновирањето планирано е да чини повеќе од 15 милиони долари. Декорот ќе остане во истиот стил од 18 век, многу злато, таписерии, огледала, мермер, украсни статуетки и пехари со свежо цвеќе.

Хотелот се очекува да биде готов во 2018 година.

Chateau de Versailles - Galerie des Glacespalace-of-versailles-493924_960_7204494577_origPalace-of-VersaillesPalace.of.Versailles.original.3910