Вертикален грамофон за сите вљубеници во грамофонските плочи

67

toc

Toc е името на вертикалниот грамофон, зад чиј изглед стои индустрискиот дизајнер Рој Харпаз, пишува порталот Designboom.com.

toc2

Овој музички уред е посебен по тоа што е лесен за употреба и има едноставен дизајн.

toc 1

Овој модерен грамофон овозможува песните да го добијат посакуваниот стар аналоген звук. Корисниците може едноставно да ги преслушуваат песните по сопствена желба, благодарение на сензорите коишто ја скенираат секоја винилна плоча.

toc 3

Сферните лежишта на овој модерен грамофон помагаат дури и старите искривени грамофонски плочи да се репродуцираат без никаков проблем.