Вештачка интелигенција на Microsoft ќе создава виски

22

Фото: Pixabay

Шведската дестилерија Mackmyra Whisky во соработка со финската технолошка компанија Fourkind и американскиот гигант Microsoft развиваат виски со помош на вештачка интелигенција, пренесува Ubergizmo.

Во овој случај, работата на дестилериите ќе ја преземат уреди опремени со вештачка интелигенција. Модели за машинско учење ќе бидат поддржани од платформа зад којашто стои Microsoft. На нив се додаваат рецептите на Mackmyra.

Вештачката интелигенција ги користи сите овие податоци за да создаде повеќе од 70 милиони рецепти за коишто предвидува дека може да бидат популарни и квалитетни.