Вештачки лист создава синтетички гас од сонце, вода и CO2

35

Научници од Универзитетот во Кембриџ создадоа синтетичко гориво од вештачки лист со помош на сонце, вода и јаглерод диоксид.

Сето ова беше постигнато без ослободување на јаглерод диоксид што вообичаено се случува при вакви процеси. Таканаречениот ѕyngas е составен од хидроген и јаглерод моноксид, а понекогаш има и траги од јаглерод диоксид. Тој е дел од процесот на создавање на одредени производи како пластика, ѓубрива, и дизел горива.

Вештачкиот лист може да произведе синтетички гас преку фотосинтеза. Технологијата функционира и при слаба светлина, односно при дождливи денови.

Целта на тимот од Универзитетот е да создаде течно гориво, во еден чекор, од јаглерод диоксид и вода. Побарувачката на ваков тип на гориво денес е многу голема, особено при транспорт на голем товар и во авијацијата.

Фото: University of Cambridge