Весна Каркинска нов Извршен директор на КД Фондови

147

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 13-тата седница донесе Решение со коешто се дава согласност за именување на Весна Каркинска за извршен член на Одборот на директори, односно извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје.

Весна Каркинска, заедно со актуелниот Главен извршен директор Лазе Камчев, ќе менаџираат со четирите отворени инвестициски фондови: КД Нова ЕУ, КД Брик, КД Топ Брендови, КД Кеш Депозит, сите управувани од Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје.

Весна Каркинска има мандат до 27-ми април 2023 година и доаѓа на местото на Марјан Николовски.

На седницата што се одржа на 26-ти октомври, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде една дозвола за работење на брокер.