Emporio Armani и италијанскиот производител Piaggio заедно ќе презентираат на пазарот старо – ново моторно возило Vespa 946 Emporio Armani.
Новата веспа е резултат на соработка во знакот на 130 годишнината од Piaggio Group, како и 40 годишното постоење на брендот Giorgio Armani.
Инаку бројот 946 се однесува на 1946 година, кога беше произведена првата веспа во светот.
Боите на возилото се мешавина од сива и земјени тонови на зелена боја, а на него се забележува и логото на Emporio Armani, орелот.
Возолото е компатибилно со смартфон преку Bluetooth. Неговото седиште е од кафена кожа во стилот на Armani.
Произведени се само неколку вакви веспи, секоја од нив индивидуално нумерирана и истите ќе бидат ставени на продажба на крајот на месецот.
Цените сè уште не се одредени, но се очекува Vespa 946 Emporio Armani да чини најмалку 13.000 евра, без додатоци.