Vestel го претстави турскиот паметен телефон Venus

26

venus

Турскиот технолошки гигант Vestel го претстави новиот паметен телефон од домашно производство, Venus. Vestel објави дека нивниот Venus кој работи на Android, во продажба ќе биде достапен од 22 септември. Ќе се продаваат два модели Venus X и Venus V, двата со верзии од 5 и 5,5 инчен екран.

“Свесни сме дека конкуренцијата на пазарот на паметни мобилни телефони е жестока, но ние имаме искуство да се справиме со неа”, вели извршниот директор на Vestel, Туран Ердоган и додава дека компанијата е во преговори со партнерите од малопродажбата, пишува турски Хуријет.

Venus 5,5″ е опремен со камера од 13 мегапиксели, 16GB хард диск, 4G LTE и NFC технологија. Venus 5,0″ е претставен како паметен телефон со батерија што долго трае. Препорачаната малопродажна цена на Venus 5,5″ во Турција е околу 410 долари, а за Venus 5,0″ околу 295 долари.