Компанијата Ветекс од Велес минатата година ја заврши со позитивен финансиски резултат од 9.498.000 денари, стои во неревидираниот финансиски извештај објавен на Македонска берза.
Добивка од 9.114.000 денари прикажа компанијата во 2015 година.
Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, достигнаа 233.747.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 166.503.000 денари, додека остатокот од 67.244.000 денари е остварен на пазари во странство.
Основна дејност на компанијата е производство на предиво и конец.