Ветекс од Велес ланската година ја заврши со 9,4 милиони денари добивка

37

veteks-veles

Компанијата Ветекс од Велес минатата година ја заврши со позитивен финансиски резултат од 9.498.000 денари, стои во неревидираниот финансиски извештај објавен на Македонска берза.

Добивка од 9.114.000 денари прикажа компанијата во 2015 година.

Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, достигнаа 233.747.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 166.503.000 денари, додека остатокот од 67.244.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е производство на предиво и конец.