Ветекс за девет месеци оствари над седум милиони денари добивка

69

veteks-veles

Компанијата Ветекс од Велес, од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 7.081.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци лани, компанијата прикажа 8.475.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – септември 2016-та година изнесуваа 180.185.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓаат 130.904.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата е 49.281.000 денари.

Ветекс од Велес се занимава со производство на предиво и конец.