Компанијата Ветекс од Велес, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 4.933.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период во 2016 година, компанијата прикажа 4.864.000 денари добивка.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март 2017 година, изнесуваа 60.824.000 денари. На домашен пазар се реализирани 42.790.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 18.034.000 денари.
Основна дејност на компанијата е производство на предиво и конец.