ВФП 100% Бонд – нов отворен инвестициски фонд во Македонија

37

komisija-za-hartii-od-vrednost-580x290

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје му даде одобрение да основа нов отворен инвестициски фонд ВФП 100% Бонд.

“Според инвестициската стратегија, ВФП 100% Бонд првенствено е наменет за инвеститори коишто не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства. Како инвеститори на Фондот може да се јават сите домашни и странски правни и физички лица, како и специфични финансиски институции, кои имааат цел да менаџираат со својата среднорочна ликвидност. Друштвото ќе ги инвестира средствата на ВФП 100% Бонд во долгорочни и краткорочни обврзници, депозити кај домашни банки, удели во нискоризични инвестициски фондови и пари на сметка“, стои во соопштението на КХВ.

Според проспектот на фондот, средствата на инвеститорите ќе бидат инвестирани во Република Македонија и во земјите членки на Европската Унија, ОЕЦД и ЦЕФТА.

По ВФП Премиум Инвест и ВФП Кеш Депозит, ВФП 100% Бонд ќе биде трет фонд со кој управува друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.