Viber со нова алатка – Viber Communities

76

viberФото: Pixabay

Интернет платофрмата Viber ја претстави својата нова алатка Viber Communities, којашто ќе им помогне на корисниците да креираат групи со неограничен број на членови и повеќе администратори кои ќе ја контролираат групата.

Viber Communities ќе овозможи во ист разговор да се вклучат до една милијарда членови кои би можеле да разменуваат пораки или податоци меѓу себе. Групата ќе има админ и суперадмин кои ќе го контролираат влезот на нови членови во дигиталната заедница, а членовите ќе имаат пристап до многу нови анимации, стикери, слики, видеа и фонтови.

Фокусот ќе биде ставен и на унапредување на безбедноста на разговорите преку Viber. Во групната порака ќе бидат транспарентни само имињата на учесниците, но не и нивните броеви како што беше случај досега.