Видео: Apple го претстави iPhone 13 Pro

271

Apple го претстави iPhone 13 Pro, најновиот смартфон, наследник на iPhone 12 Pro.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, за време на презентацијата, го нарече “најпрофесионалниот iPhone досега“.

Според CNET, iPhone 13 работи со процесорот 15 Bionic на Apple, доаѓа со подолг век на батеријата и има редизајниран систем за камера TrueDepth кој зазема 20% помалку простор во споредба со претходните модели на iPhone.

Стандардните iPhone 13 и iPhone 13 Mini исто така доаѓаат со понапредни карактеристики на камерата како новиот кино-режим на Apple. Имено, оваа функција го задржува фокусот на предметот и автоматски го пренесува во реално време.

Apple го лансираше својот прв модел iPhone Pro во 2019 година со iPhone 11 Pro. Тој е позициониран како поскапа алтернатива на почетниот iPhone за оние кои се подготвени да платат за пософистицирани камери, подобар екран и дополнителна меморија.