Видео: Google силно удира на конкуренцијата – претставени се Pixel 6 и Pixel 6 Pro

113

Google конечно го претстави долгоочекуваниот Pixel 6 на настанот Pixel Fall Launch во вторникот, како и неговата помоќна верзија Pixel 6 Pro, наменета за оние кои навистина сакаат целосно искуство на топ уред. Како што беше претходно најавено, компанијата одлучи да ја следи практиката на производители како што се Samsung и Apple, па затоа сопствениците на нови Pixels нема да бидат поздравени од полнач во кутијата.

Двата уреди се напојуваат со SoC Tensor на компанијата, кој во стандардната верзија е спарен со минимум 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, додека верзијата Pro првично добива 12 GB RAM меморија и можност за проширување до 512 GB внатрешна меморија. Има и нов безбедносен чип Titan М, така што Google тврди дека новите Pixel уреди се најсигурните паметни телефони на пазарот, а вреди да се забележи новиот чип за операции со вештачка интелигенција и машинско учење.

Pixel 6 Pro има 6,7-инчен благо заоблен LTPO AMOLED екран со резолуција од 1440×3120 и стапка на освежување до 120 Hz, додека стандардниот Pixel доаѓа со рамен 6,4-инчен AMOLED екран со резолуција од 1080×2340 и стапка на освежување до 90 Hz. На прв поглед, уредите покажуваат дека верзијата Pro има потенки граници, па во комбинација со заоблениот екран дава врвен впечаток, што недостасуваше кај претходните генерации на паметни телефони на компанијата.

Pixel 6 доаѓа со две камери и „братски“ ги дели со верзијата Pro, која има и 4Х телефото објектив во перископски стил со сензор од 48 MP. Google конечно ја освежи главната камера, па сега доаѓа со сензор од 50 MP и оптичка стабилизација, додека за широкиот кадар е задолжена ултра-широката леќа со сензор од 12 MP. Pixel 6 Pro, исто така, добива селфи камера од 11,1 MP, додека стандардната верзија останува на онаа со 8 MP,

Стандардниот Pixel доаѓа со батерија од 4.614 mAh, додека верзијата Pro има батерија од 5.003 mAh. Благодарение на фактот дека Tensor SoC му овозможува на Google подобра оптимизација, се очекува дека тоа најмногу ќе влијае на автономијата на овие уреди, кои, според компанијата, треба да бидат меѓу најдобрите на пазарот. Исто така, беше ветено пет години безбедносни и три години надградба на оперативниот систем, што сигурно на многумина ќе им се допадне.

Покрај самите уреди, гледачите беа изненадени од фактот дека Google се здружи со Snapchat, така што Snap камерата ќе може да се отвори откако корисникот двапати ќе „допре“ на задната страна од новите телефони Pixel.

„Pixel 6 е најбрзиот телефон да се направи Snap благодарение на функцијата Quick Tap to Snap“, објави Google на Twitter непосредно по лансирањето на уредот.

Pixel 6 ќе чини 649 евра на европскиот пазар, додека заинтересираните купувачи ќе треба да платат 898 евра за Pro верзијата.