Видео игрите не се толку штетни, некои го подобруваат расположението

30

Играњето видео игри може да биде добро на вашето ментално здравје, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Оксфорд.

Оние кои секојдневно играле видео игри рекле дека се чувствуваат подобро и посмирено во текот на денот. Истражувањето предвид ја зема психолошката состојба на поединецот додека игра видео игра, додека претходните се фокусирале само на времето поминато во играње.

Целта на истражувањето била и да се објасни дека видео игрите може да бидат добра слободна активност.

“Истражувањата покажуваат дека ако три до четири часа дневно играте игра во којашто се појавуваат, на пример, животни, тогаш сте многу посреќни. Но, интересен е овој факт бидејќи пред ова беа правени само површински истражувања кои даваа резултати, но не прикажуваа на основа на што се добиени овие резултати“, велат научниците од Оксфорд.

Тие, сепак, се сигурни дека со истражувањето ќе ги докажат и сите негативни страни што ги носи постојаното играње видео игри. Во нивната анализа биле вклучени Animal Crossing, Plants vs. Zombies: Battle for Neghburville, така што не сите виде игри го имаат “смирувачкиот ефект“, пишува Гардијан.

Фото: Freepik