(ВИДЕО) Како се произведуваат Tesla возилата во гигафабриката во Берлин

95

По многу проблеми, американскиот производител на електрични автомобили конечно отвори фабрика во Германија која ќе произведува автомобили за потребите на европскиот пазар.

Поминаа само неколку дена од почетокот на производството, а објавено е спектакуларно видео кое ги прикажува производните процеси во гигафабриката, од дрон.

Видеото започнува од паркингот пред погонот, а потоа дронот влегува во самата фабрика каде што ги прикажува процесите на заварување, бојадисување и монтажа. Дронот дури во еден момент влегува во автомобилот. Фабриката која се наоѓа во предградието на Берлин чинела 7 милијарди долари, а првичниот план бил да почне со работа минатата година. Но, проблемите со пандемијата, протестите на еколошките активисти, но и загрозувањето на локалното живеалиште на змии го забавија процесот за добивање дозвола, па оваа фабрика беше отворена дури на 22 март годинава.