Видео: Mercedes Benz F 015 Luxury – самоуправувачки автомобил на иднината

21

Mercedes-Benz F015 - Luxury in Motion

Истражувачкиот тим на германскиот производител на автомобили Mercedes Benz го претстави автомобилот Mercedes – Benz F 015 Luxury, којшто би бил автомобилот на иднината.

Тимот од експерти на Mercedes – Benz го осмислија овој автомобил, кој на корисникот ќе му овозможи не само мобилност како основна функција, туку и дополнителна вредност за целото општество.

04-research-vehicle-F-015-Luxury-in-Motion-Mercedes-Benz-680x379-DE

“Оние кои се фокусираат само на технологијата на таканаречените самоуправувачки автомобили, не се свесни колку овој вид на возење ќе го промени нашето општество“, вели Даетер Зетче, претседател на Управниот одбор на Daimler AD и главен за автомобилскиот дел на Mercedes – Benz.

Комфорот, луксузот, функционалноста, безбедноста… Тоа се дел од сегментите на кои експертите од германскиот гигант посветено работат за интегрирање во автомобилот на иднината.