Видео: Најскапиот руски автомобил го пуштија во редовна продажба и се распродаде за само неколку дена

287

Моделот Senat на рускиот производител  Aurus, кој пред неколку години ја претстави претседателската лимузина на Путин, неодамна беше понуден во редовна продажба на пазарот, откако извесно време беше достапен само за државните власти.

На почетокот на октомври, првите примероци пристигнаа во изложбениот салон во Москва за да им бидат понудени на купувачите. Сепак, по само неколку дена, Aurus објави дека се продадени сите 350 примероци што ќе бидат произведени оваа година.

Затоа се принудени да ја отворат листата на нарачки за следната година уште сега.

Овој руски луксузен седан, сличен на моделите на Ролс-Ројс, чини речиси 300.000 евра, а богатите Руси очигледно не жалат пари за автомобил сличен на оној во кој се вози Владимир Путин, па затоа не е изненадувачки што тие ја сакаат само врвната верзија.

Aurus Senat  е долг 5,6 метри, користи хибриден систем со моќен 4,4 V8 мотор од 590 КС и 800 њутнметри.

Тоа е доволно за овој автомобил од 2,8 тони да достигне 100 километри на час за околу 6 секунди, додека максималната брзина е фабрички ограничена на 250 километри на час.