Видео: Саудиска Арабија гради огромен екстремен парк со хотели и ресторани на нафтена платформа

85

Саудиска Арабија објави планови за претворање на нафтена платформа во „екстремен парк“ и одморалиште од 150.000 квадратни метри. Овој иден парк ќе се наоѓа во Персискиот залив.

Проектот е финансиран од Фондот за јавни инвестиции, а дел од паркот ќе бидат три хотели и 11 ресторани. Целиот комплекс ќе се состои од неколку поврзани платформи, како и тобогани и други адреналински активности на банџи скокање и скокање со падобран.

Овој проект е единствена туристичка атракција која ќе привлече туристи од целиот свет. Се очекува дека повеќето луѓе ќе доаѓаат од регионот на Персискиот Залив, се вели во соопштението.