Инспириран од локалната топографија, стадионот дизајниран за повеќе од 92.000 гледачи ќе биде опкружен со многу други објекти за спорт и рекреација.
Глобалната архитектонска фирма Populous деновиве го претстави мастер планот за стадионот Крал Салман, спортска арена која ќе има најголем капацитет во Саудиска Арабија, а ќе биде и главната база на фудбалскиот тим на земјата.
Стадионот „Крал Салман“ е најавен како едно од главните места за Светското првенство во фудбал во 2034 година, чиј домаќин ќе биде Саудиска Арабија. Преку оваа кандидатура се планира изградба на 11 нови стадиони и реновирање на четири постоечки.
Дизајниран за повеќе од 92.000 гледачи
Дизајнот на стадионот, инспириран од локалната топографија, го следи симболичниот концепт на секоја нова зграда во рамките на мастер планот, замислена како семе кое никнува и ја крши почвата, откривајќи ново место кое е вкоренето во неговата природна средина.
Бруто капацитетот на стадионот е повеќе од 92.000 гледачи, а по изградбата ќе стане најголемиот спортски објект во државата.
Покрај стадионот, објектот ќе вклучува и голем број спортски, малопродажни и рекреативни објекти, вклучително и базени со олимписка големина.
Главниот стадион ќе содржи и ексклузивни апартмани, скајбокс и салон, околу 2.500 седишта, а објектот ќе има и градини и шеталиште со поглед на паркот „Крал Абдулазиз“, како и 300 VVIP и 2.200 VIP седишта.
Фото: Facebook