Виена најпосакувана луксузна дестинација во 2021 година

100

Меѓународната мрежа за организација на луксузни патувања, Тraveller Made ја прогласи Виена за најпосакувана дестинација годинава. За оваа престижна титула се натпреваруваа и Цирих, Јапонија, Нов Зеланд, Кореја и Австралија.

Виена го доби ова признание благодарение на одличната понуда за луксузни патници, која вклучува ексклузивност, уникатност и врвен квалитет во сите сегменти. Сепак, голема улога во тоа имаше и активното вклучување на виенската туристичка асоцијација WienTourismus и за време на пандемијата направи бројни напори да ја позиционира Виена како врвна меѓународна дестинација за луксузни патувања.

Директорот на Виенскиот туристички одбор, Норберт Кетнер, истакна дека наградата за најпосакувана луксузна дестинација во 2021 година е голема чест за Виена и во овие времиња исто така важен сигнал за луксузните патници кои се како целна група од стратешко значење за Австрија. Од 2017 година, Виенскиот туристички одбор спроведува различни активности со цел да се воспостави главниот град на Австрија во областа на луксузниот туризам.

Организацијата Traveller Made вклучува околу 450 туристички агенции и 3.500 т.н. креатори на луксузни патувања од 71 земја.

Фото: Pixabay