Виена го гради најдолгиот мост за пешаци и велосипедисти

Виена наскоро стартува со изградбата на најдолгиот пешачки и велосипедски мост во градот, кој ќе ги премости бариерите и ќе го олесни животот на жителите на округот Донауштат. Мостот, кој ќе биде долг 700 метри и широк 4,5 метри, ќе се постави покрај постоечкиот мост на трамвајската линија 26 и значително ќе ги скрати трасите кои ги користат пешаците и велосипедистите.

Планирањето на овој амбициозен проект веќе е во тек, а почетокот на работите се очекува во средината на 2026 година. Мостот ќе биде клучна врска во склоп на поширокиот план за подобрување на велосипедската инфраструктура во Виена. Во изминатите две години, во округот Донауштат изградени се 14 километри нови велосипедски патеки, додека Град Виена секоја година реализира околу 50 проекти насочени на изградбата на нови велосипедкси рути.

На годишно ниво, новата австриска престолнина инвестира приблиќно 20 милиони евра во развој на велосипедската мрежа, со што градот настојува да промовира одржливи облици на превоз и да ги намали сообраќајните гужви. Во Виена постојат над 1.600 километри уредени велосипедски патеки, што значајно ги поттикнува граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство.