Виена Иншуренс доби дозвола да го откупи КЈУБИ Македонија

350

qbe-makedonijaНа последната седница на Комисијата за хартии од вредност беше донесена одлука Виена Иншуренс Груп да добие дозвола да ги откупи сите акции од Друштвото за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија.

Понудата за откуп се однесува на 636.645 обични акции со право на глас и на 80.817 приоритетни акции. Австрискиот понудувач се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 2.001,22 денари за една акција.

Виена Иншуренс Груп на сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност има депонирано паричен износ кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата.

Најмалата количина на хартии од вредност што треба да се прифати, за понудата за откуп да се смета за успешна е 73,51% од обичните акции.

Од Комисијата за хартии од вредност дадена е согласност Иван Штериев да биде именуван за Главен извршен директор на Македонската берза АД Скопје, со мандат од четири години. Оваа функција, Штериев ја извршува од 2005 година.