Виенска и Варшавска берза преговараат за спојување

28

The Vienna Stock Exchange (Wiener Boerse) logo is displayed next to the company's street entrance in ViennaВиенска и Варшавска берза ја разгледуваат можноста за спојување, чиј резултат би бил единствена платформа за пласман и тргување со акции на земјите од централна и источна Европа.

Портпаролот на Виенската берза изјави дека извршниот директор Михаел Бул ќе се сретне со својот варшавски колега Адам Мациејевски деновиве и ќе разговараат на различни теми, меѓу кои и за различни форми за соработка.

Преговорите се во многу рана фаза, пренесува Блумберг.

Виенската берза веќе ја презема контролата врз три помали европски берзи во Будимпешта (2004 година), Прага и Љубљана (2008 година), со цел да ја засили својата позиција на пазарите во овој регион.

Варшавската берза по големина е слична со Виенската и е најголема по пазарна капитализација во регионот. Нејзината вредност се проценува на 524 милиони долари. На нејзината основна платформа се регистрирани 438 компании, со вкупна капитализација од околу 221 милијарди долари.