Викендички со базен – хит во регионот

346

За изнајмување на викендички и вили во Република Српска, посебно за оние со базен има голем интерес, а како што велат сопствениците на недвижнините, тоа е најверојатно затоа што се целосно или делумно затворени границите.

Сопственик на една викендичка во Крпа, Златко Трожиќ, вели дека голема е побарувачката за викендички со базен, пренесува Nezavisne.

“Инаку барани се викендички со базен. Па, и јас ад хок направив базен, за да ги задоволам клиентите“, вели тој.

Трожиќ посочува дека заради епидемијата на коронавирусот и неможноста да одат на море, многумина бараат утеха во куќите за време на викендот. Според него, цената за изнајмување зависи од бројот на луѓе.

“Цената на изнајмување зависи од бројот на луѓе и изнесува од 150 до 200 евра“, вели тој.

Фото: Pixabay