Викендов повторно прскање против комарци во Скопје

15

Четвртата аеросолната дезинсекција (авионска) во 2013 година, на подрачјето на Град Скопје против комарци, ќе се изврши во деновите од претстојниот викенд, односно на 03.08.2013 (сабота) и на 04.08.2013 (недела), во период од 05:30 до 08:00 часот.

Во деновите од 05.08.2013 до 09.08.2013 (од понеделник до петок), во период од 01:00 до 05:00 часот ќе се изврши четвртата терестична аеросолната дезинсекција годинава, на подрачјето на Град Скопје, против комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градот Скопје аплеира до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.