Винаријата Камник прва се вклучува во сервисот на Google Business View

22

111

Винаријата Камник прва во Македонија се вклучи во сервисот на Google Street View – Business View. Комплексот Камник во Скопје ги отвори своите врати за снимање на 360° обиколка, така што од почетокот на неделава секој заинтересиран во светот, преку сервисот Google Business View, може со виртуелна тура да ги посети сите објекти на овој реномиран вински и угостителски бренд од Македонија.

Google Business View е извонредна виртуелна, интерактивна алатка, која има глобална видливост и изложеност на погледите преку Google Street View, Google Maps и Google Search, која што може да биде поврзана со веб сајтот на клиентот, како и со која било социјална мрежа.

„Иновацијата е еден од важните аспекти во создавањето на вината Камник. Свесни за моќта и влијанието со кои иновацијата го обликува нашиот свет, навистина ни е задоволство што сме првата компанија на македонскиот пазар која се вклучува во Google Street View – Business View сервисот. Произведуваме вина со премиум квалитет, нудиме вински дегустации во ултра-модерниот амбиент на просторијата за дегустации во нашата винарија, а сега имаме и можност на љубителите на вино од било кој дел на светот да им ги претставиме винаријата и лозјата на еден динамичен начин со виртуелна прошетка и да им овозможиме да ја почувствуваат енергијата со која го обликуваме брендот Камник вина”, изјавија од Винарија Камник.

Покрај винаријата Камник, во рамките на комплексот се наоѓа и добропознатиот ресторан, ловечка куќа, Хантерс Лоџ Камник. Освен ресторанот, за сите оние кои пристигнуваат во Скопје, комплексот Камник нуди и хотелско сместување. Google Street View – Business View овозможува сето ова да се види сосема одблизу со виртуелна прошка.

Студиото за модерен артистички и уникатен мебел за ентериери и расветни тела, Лукс е втората компанија во Македонија која својата доверба ја довери на Google Street View – Business View сервисот. Студиото Лукс соработува со дизајнерски брендови кои се светски лидери во сферата на осветлувањето и уредувањето на просторот. Моделите на расветни тела и ексклузивните парчиња мебел што ги нуди Лукс се карактеризираат со современ и смел дизајн и софистицирана естетика кои создаваат единствен и впечатлив идентитет за клиентот.

Стартот на Google Business View сервисот во Македонија доаѓа преку британската компанија Thunder Box, со седиште во Софија, Бугарија.

„Да се биде прва и најискусна агенција – партнер на Google за Балканот, ни овозможува да го развиваме овој сервис, да снимаме, да сликаме и да ги подобруваме перформансите на стотици најразлични типови на бизниси. По нашето извонредно богато искуство во Бугарија, сега сме во можност и во полна кондиција да го завртиме нашето внимание на остатокот од Балканот, започнувајќи токму со Македонија”, изјави Сајмон Фик, генерален менаџер на Thunder Box. „Возбудени сме од можностите тука и со задоволство гледаме на брзиот развој на Македонија како туристичка дестинација, потоа од потенцијалите од маркетиншки аспект и генерално, од можностите за подигнување на профилот на сите бизниси и компании со кои што работиме и ќе соработуваме, без оглед на тоа за кој сектор или индустрија станува збор”, потенцира Фик.

Thunder Box е сертифицирана агенција – Google Trusted Agency, која е авторизирана за ширење на сервисот Business View на пазарите во земјите од Балканот, вклучително и во Македонија.